Положбата на спиење покажува колку сте здрави

Нема да верувате колку положбата на спиење влијае врз вашето здравје

Положбата во која спиете може да биде причина за болки во стомакот, вратот и грбот. Повеќето луѓе незнаат во која мера положбата на спиење влијае врз нивното здравје. Ако имате одреден здравствен проблем, мора да изберете правилна положба, а ако ги немате, спиењето во добра положба ќе ви помогне да ги избегнете.

Погледнете ги овие осум положби на спиење и како тие влијаат врз здравствената состојба на вашиот организам

Спиење на грб со спуштени раце

Оваа положба е позната како „морска звезда” и добра е за грбот. Помага и при болките во вратот, а го спречува настанувањето на брчките. Оваа положба го зголемува рчењето, а исто така ги притиска и нервите на рамената, па предизвикува болка во овој дел.

На грб со кренати раце

Ова е една од најдобрите положби за здрав ‘рбет. Исто така е добра и ако имате болки во вратот. Сепак оваа положба си има и свои мани. Според истражувањет, луѓето кои спијат на грб ‘рчат многу повеќе од тие кои спијат во други положби. Спиењето на грб може да доведе и до апнеа во сонот, односно престанот на дишењето.

Положба на фетус

Положбата фетус е една од најлошите положби за спиере бидејќи предизвикува различни проблеми во вратот и рбетот. Многу луѓе сакаат да спијат во оваа положба бидејќи им е удобно, но премногу свитканата положба може да доведе до болки во вратот. Спиењето во оваа положба посебно не е добро за бремените жени.

Слободен пад

Спиењето во оваа положба не само што ја поправа работата на системот за варење, туку го намалува и проблемот со рчењето. Сепак поради свитканата глава на една или друга страна, оваа положба може да доведе до болки во вратот.

На една страна, со рацете на страна

Оваа положба е добра за луѓето кои имаат проблем со рчењето. Сепак поради притисокот на нервите и ограничениот проток на крв, може да се појават болки во вратот и рамената.

На страна со рацете покрај телото

Оваа положба е добра за луѓе кои имаат болки во вратот и рбетот. Исто така е добра за лечење проблеми како што е апнеа во сон. Но како и сите други положби има свои недостатоци. Спиењето во оваа положба може да доведе до созадавање на брчки и опуштање на градите.

На десна страна

Страната на која спиете има влијание врз вашето здравје. Спиењето на десната страна може да предизвика проблеми со срцето, додека спиењето на лева страна врши притисок врз внатрешните органи како што се желудникот, белите дрободи и црниот дроб.

Со перница
Перницата како поддршка има големо влијание во намалување на болките. Ако спиете на грб, ставете ја под рбетот, а ако спиете на стомак ставете ја под колковите

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.