Полската влада го одобрила во вторникот зголемувањето на минималната месечна плата од 2.600 на 2.800 злоти, околу 750 американски долари.
Зголемувањето стапува на сила во 2021 година, и значи дека минималната плата ќе изнесува повеќе од половината од прогнозираната просечна плата. Во Полска, која има речиси 38 милиони жители, околу 1,7 милион лица во моментов ја заработуваат минималната плата, објави владата.
Платите, сепак, ќе бидат зголемени поскромно отколку што предвидуваше владата на владејачката партија Право и справедливост (PiS), која најавуваше зголемување на минималната плата на 3.000 злоти во 2021-ва и на 4.000 злоти до 2023 година.
Меѓутоа, за економските експерти проблематично е дали ваквите ветувања ќе бидат остварливи по избувнувањето на пандемијата на коронавирусот и воведувањето на мерките за сузбивање на заразата што придонесоа за пад на националните економии ширум светот.
Зголемните социјални издвојувања беа клучен фактор за подемот на PiS од 2015 година. Оттогаш минималната плата во Полска постојано постепено е зголемувана од 1.050 злоти.