Полска апелира до Путин да не ги „користи“ жртвите од Холокаустот

28

Полска го повика рускиот претседател Владимир Путин да се воздржи од „користење“ на жртвите од Втората светска војна и Холокаустот за тековни политички цели и посочи на документи од војната во кои полската влада ги повика сојузниците да ги спасат Евреите.

Полскиот заменик министер за надворешни работи Шимон Шинковски вел Сек го упати апелот пред одржувањето на конференцијата во Израел по повод одбележување на 75 години откако советските трупи го ослободија германскиот нацистички логор на смртта Аушвиц-Биркенау.

Путин, кој ќе биде еден од главните говорници, неодамна рече дека Полска носи дел од вината за војната и ја обвини тогашната полска влада за антисемитизам.

Полскиот претседател одлучи да ја бојкотира конференцијата, со образложение дека не му била дадена можност да зборува.

Шинковски вел Сек рече дека доколку на конференцијата се повторат „искривени“ и невистинити наводи, Полска ќе укаже на историски документи и факти за да им се спротивстави.

Тој истакна дека полското движење за отпор и владата во егзил во Лондон изразиле намера да ги соберат и разменат со светските лидери фактите за масовната ликвидација на Евреите под окупација на нацистичка Германија.

Еден таков документ е полскиот извештај за ликвидација на Евреите, кој многу лидери го добиле во на 1942 година.

Околу 40 светски лидери се очекува да пристигнат во Израел за да присуствуваат на Петтиот светски форум за Холокаустот со кој во четврток ќе се одбележи 75-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.