Полска ќе ја произведува вакцината против коронавирусот на „Novavax“

Полската биотехнолошка компанија „Mabion“ потпишала прелиминарен договор за производството на вакцината на американскиот производител „Novavax“ со финансиска помош на државниот фонд, во рамките на настојувањата на владата во Варшава да го забрза процесот на имунизација на населението, поради забавувањето на процесот во Европската унија поради недоволните испораки од западните производители.

Според објавеното во средата „Mabion“ потпишал рамковен договор со „Novavax“ за пренесување на технологијата за вакцината против Covid-19. Полскиот државен фонд PER за оваа цел ќе обезбеди 11 милиони американски долари преку заеми и удели за компанијата да  може да ги удвои производствените капацитети во централна Полска.

„Најголемиот предизвик, кога станува збор за достапноста на вакцината се производствените капацитети. Со тоа сите произведувачи на вакцините имаат проблем и тоа е причина за доцнењата. Инвестицијата е директен одговор на овие проблеми“, изјави за медиумите директорот на PER, Павел Борис.

Полска, којашто има околу 38 милиони жители, а досега вакцинирала повеќе од три милиона луѓе, главно со вакцините произведени од „Pfizer/BioNTech“, „Moderna“ и на „AstraZeneca“. Варшава обезбеди и осум милиони дози на вакцианта на „Novavax“ преку ЕУ, но таа сѐ уште чека на одобрување од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Борис рече и дека PER веројатно ќе обезбеди и дополнителна поддршка за „Mabion“, доколку биде потребно, како и дека ќе вложува во слични компании.

„Ова е еден од најинтересните проекти и една од најголемите можности за Полска навистина да започне да произведува вакцини против Covid-19“, додаде