Полска ги олабави мерките – граѓаните навалија кон скијачките центри и морските одморалишта

Полските граѓани масовно ја искористија олуката на властите за ублажување на рестриктивните мерки и за Свети Валентин се упатија кон скијалиштата и кон морските одморалишта, притоа занемарувајќи ја потребата за носење заштитни маски и одржување физичко растојание.

Ублажувањето на рестриктивните мерки, кои се на сила до 26 февруари, овозможи отворање на хотелите, кината, театрите и базените, но со половина од капацитетот.

Полицијата од Закопане соопшти дека имала голем број интервенции, особено што илјадници полски туристи деновите од одморот ги поминуваат во алкохолизирана состојба, пеејќи и играјќи по улиците, а често предизвикуваат и тепачки.

Загрижен поради тоа што посетителите, кои го минуваат годишниот одор на скијалиштата на Татрите, не ја почитуваат обврската за носење заштитни маски, како ни оржување адекватно растојание, градоначалникот на Закопане, Лежек Дорула, сепак, предупреди дека хотелите би можело повторно да бидат затворени.

Истовремено, дел од Полјаците се упатија кон плажите на Балтикот иако се покриени со снег, затоа што многумина практикуваат капење на многу ниски температури.

Полската одлука за олеснување на рестрикциите е спротивна од тоа што се применува во остатокот од ЕУ, особено во соседна Германија, која ги затвори границите кон Чешката Република и кон австрискта покраина Тирол, во обид да го сузбие ширењето на позаразните мутации на корона вирусот.

Десничарската полска Влада ги ублажи мерките под притисок од туристичкиот сектор и со образложение дека состојбата ќе биде разгледана за две недеи. Истовремено спортските сали остануваат затворени, иатоа како и рестораните, кои смеат да нудат само храна за носење.

Во Полска, која има 38 милиони жители, досега се евидентирани 1,6 милиони случаи на зарзени со корона вирусот и речиси 41 илјада смртни случаи како последица на Ковид-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.