Полска подготвена да се суди со ЕК поради санкциите, потпишани два закона што ги критикува ЕУ

508
© AFP 2017 / Janek Skarzynski

Полскиот претседател Анджеј Дуда потпиша во средата два закона коишто го реформираат судството а се предмет на процедурата којашто неколку часа претходно ја покрена Европската комисија против Варшава којашто соопшти дека е подготвена да ги брани своите интереси пред Сидот на Европската унија, објави полското министерство за внатрешни работи коментирајќи ја одлуката на ЕК.

Полска со жалење ја прими „политичката, а не правната“ одлука на Европската комисија, а Унгарија најави дека на предлогот на ЕК ќе вложи вето.

„Решив да ги потпиша овие закони. Воведуваме во Полска многу добри решенија кои ја подобруваат ефикасноста на правосудниот систем. Зајакнат е демократскиот карактер за правосудниот систем“, изјави полскиот претседател Анджеј Вајда.

Двата закона коишто Дуда ги донесе се однесуваат на Врховниот суд и на Националниот судски совет.

Претходно полскиот Сенат ја усвои конечната верзија на контроверзните закон, предложени од претседателот Дуда. Сепак, во текот на расправата во Сејмот во документот претрпе измени со внесување амандмани, поради што предлозите значително се разликуваа од оние кои ги поднесе претседателот и повторно предизвика критики од опозицијата.

Претходно во средата Европската комисија му предложи на Советот за Европската унија покренување на постапката предвиден сои членот 7 од Лисабонскиот договор за ЕУ против Полска, која во крајна линија може да доведе до суспендирање на правото на гласот, доколку другите земји членки го одобрат тоа.

„И покрај повторените напори во текот на речиси две години со полските власти да започне конструктивен дијалог во контекст на рамките на владеење на правото, Комисијата денеска заклучи дека постои јасен ризик од сериозно кршење на владеењето на правото во Полска“, објави потпретседателот на ЕК, Јан Тимерманс.

Покренување на постапката предвидена со членот 7 никогаш досега не е користена, а Комисијата се одлучила на тоа откако полските властите не се откажаа од контроверзните реформи во правосудство.

Тимерманс истакна дека Европската комисија е подготвена да го повлече својот предлог, доколку Полска ги отстрани причините за загриженоста во рок од три месеца.

Меѓутоа, според оцената на првиот претседател на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, не е реално да се лиши Полска од правото на глас во Советот на ЕУ, бидејќи „веќе е очигледно“ дека меѓу земјите членки по ова прашање нема да има едногласност.

Според процедурата, предлогот на Европската комисија треба да биде одобрен од најмалку 22 од 28-те сегашни земји членки на Европската унија. Доколку дојде до тоа, одлуката ќе треба да ја одобрат лидерите на сите земји во Унијата.

„Веруваме дека сомнежите за тоа дали националното законодавство е во согласност со законодавството на ЕУ, треба да се решат на судот“, соопшти полското министерство за надворешни работи. Полската дипломатија очекува дека „независното и непристрасно судство“ нема да биде водено од „пристрасните политички процени“. Истовремено, Варшава не ја исклучува можноста од преговори со Европската комисија.

Полскиот политичар, заменик претседател на Европскиот парламент, Ришард Чарнецки, смета дека Брисел ѝ се одмаздува на Варшава поради нејзиното одбивање „да прифати муслимански имигранти, а реформата на судскиот систем била само изговор“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.