Полска со иницијатива за основање развојна банка на Вишеградската група

Полска разговара со Унгарија за основање развојна банка којашто би била насочена на инфраструктурни вложувања во регионот, а во проектот сака да ги вклучи и Словачка и Чешка изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Во текот на посетата на унгарската престолнина Будимпешта, во разговорот со својот домаќин и колега Виктор Орбан, новиот полски премиер Матеуш Моравјецки разговарале за економската и политичката соработка на двете земји, како и за имигрантските квоти на Европската унија на коишто се противат и Унгарија и Полска.

Меѓу темите биле и прашањата поврзани со енергетиката, како и идниот буџет на Европската унија.

„Разговаравме за Вишеградска развојна банка. Можеме да си дозволиме банка којашто би го поддржувала развојот на инфраструктурата во регионот“, изјави во седата за новинарите Моравјецки по враќањето од Будимпешта, алудирајќи на групата централноевропски земји којашто ја сочинуваат Унгарија, Словачка, Чешка и Полска, којашто е позната како Вишеградска група.

„Во разговорите со премиерот Орбан решително ја потврдивме нашата заинтересираност. Доколку Словачка и Чешка позитивно одговорат, би можеле брзо да ја формираме таквата банка“, рекол полскиот премиер, без да навлегува во поединости.

Додал, исто така, дека полската влада не го променила скептичното гледиште во однос на воведувањето на еврото во скора иднина и покрај повиците на домашните економисти кој во последно време настојуваат да ја убедат владата во Варшава брзо да се приклучи на еврозоната и да ја задржи Полска близу јадрото на ЕУ.

„Не ја променивме нашата реторика во поглед на тоа. Тоа денес не е тема на дебатата“, рекол полскиот премиер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.