Полска со ултиматум за Украина во врска со пристапувањето во ЕУ

Не може да стане збор за присапувањето на Украина во Европската унија додека конечно не биде решено прашањето за ексхумација на останките на жртвоте од Волинскиот масакр, изјави во средата заменикот министер за надворешни работи на Полска, Павел Јаблонски.

Изјавата на Јаблонски за полскиот радиот ZET беше емитувана речиси истовремено кога во Брисел претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на прес-конференција извести дека Колегиумот на Европската комисија го усвоила извештајот за проширување на државите од западен Балкан и предложила со Украина и Молдавија да бидат отворени преговорите за членство во Европската унија.

„Без решавање на ова прашање, Киев не треба ниту да сонови за влез во Европската унија“, рече полскиот дипломат и истакна дека доколку се сака двете соседни земји да бидат во иста заедница на држави мора да ги надминат меѓусебните сериозни разлики.

Јаблонски всушност алудираше на една претходна изјава на полскиот премиер Матеуш Моравјецки според кој не може да дојде до целосно поморување меѓу Полска и Украина без да биде спроведено пребарување и ексхумации на сите останки на жртввите од масивните масакри извршени меѓу 1939 и 1945 ггодина на проблематичните територи на кои живееле Полјаци.

Прашањето на толкувањето на ткн Волински масакр, како и односите кон водачите на украинските националистички водачи од периодот на Втората светска војна, е едно од наболните и најтешки во односите меѓу Варшава и Киев.

Во летото 2016 година, долниот дом на полскиот парламент усвои резолуција со кој 11-ти јули беше прогласен за Национален ден на сеќавање на жртвите на геноцидот извршен од украинските националисти врз житли на Втората Полска република во периодот 1943/1945 година. Според Варшава, масакрите биле извршен од 1939 до 1945 година од страна на нацистичките ураински двужења ОУН-УПА, кои соработувале со нацистичка Германија на Адолф Хитлер врз полското население Волин, Источна Галиција и југоисточните војводства кои пред Втората светска војна се приклучени на тогашна советска Украина подоцна окупирана од германските нацистички сили.

Во меѓусебните украинско-полски колежи во тој период се проценува дека животите ги загубиле повеќе десетици илјади луѓе на двете страни.