Полска трага по летачки објект, веројатно долетал од Белорусија

Полското министерство за одбрана објави во саботата дека регистрирало во полскиот воздушен простор летачки објект, веројатно разузнавачки аеростат, кој долетал од страната на соседна Белорусија.

„Центарот за воздушни операции регистрираше во воздушниот простор на Полска појава на објект кој долетал од Белорусија, Најверојатно станува збор за балон за надзор. Радарскиот контакт со објектот е изгубен во областа Рипин“, соопшти министерството за одбрана.

Се додава дека командантот на оперативниот штаб ги активирал во потрагата по објектот дежурните единици на територијалната обрана.

Портпаролот на командата на територијалната одбрана Витолд Сура потврдил за полската новинска агенција PAP дека единица за потрага е испратена во регионот на Рипин во Кујавско-поморското војводство,

Министерот за одбрана Мариуш Блашчик неодамна се соочи со критики откако во шумата близу градот Замошча, недалеку од границата со Украина, беа пронајдено остатоци од предмет за кои се претпоставува дека е проектил. Министерството за одбрана подоцна призна дека остатоците се „веројатно раката“ којашто влегла во полскиот воздушен простор најрано на 16-ти декември минатата година, но дека контролата на воздушниот простор веднаш не го предупредила министерството.

Кон средината на ноември југоистокот на Полска беше погоден од проектил, и притоа загинаа две лица, за кој иако првично предизвика голема вознемиреност во светот по украинските тврдења дека наводно е истрелан од Русија, се покажа дека станува збор за веројатно противвоздушен проектил истрелан од украинската војска.