Полската бискупска конференција се извини за педофилските злосторства

Полските католички бискупи, кои се собраа во понеделникот во светилиштето Јасна Гора на југот од Полска, им се извинија на жртвите на сексуалните злоставувања поради злостортватата кои се случувале „и во Полска“, земја каде што католицизмот е длабоко вкоренет и влијателен во општеството.

„Му се извинуваме на Господ, на жртвите на сексуалните злоставувања, на нивните семејства и на целата Црковна заедница поради сите рани коишто свештениците, монасите и лаиците вработени во Црквата им ги нанеле на децата и младите, како и на нивните семејства“, напишаа полските бискупи во соопштението објавено во понеделникот вечерта.

„Тие злосторства претставуваат извор на длабоки патење на жртвите и ги одбележуваат нивниот живот, како и животите на нивните семејства и верски заедници… Меѓу многу верници, особено младите, сексуалните скандали во кои се вмешани свештениците ја ставаат на искушение нивната вера и предизвикуваат длабок гнев“, се додава во објавата.

Соопштението е издадено три седмици по почетокот на прикажувањето на шокантниот филм „Клер“, фикција којашто се занимава со педофилијата, корупцијата и целибатот меѓу полските свештеници и кој бележи рекордна гледаност во тамошните кино-сали.

Полските бискупи, исто така, изразуваат решителност во борбата против споменатото зло, според процедурите воведени од папите Бенедикт Шеснаесетти и Франциск, а коишто предвидуваат сите потврдени случаи на сексуално злоставување да бидат предадени на Светата столица и на обвинетелството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.