Полската полиција го правда апсењето на 380 демонстранти

Mandatory Credit: Photo by Marcin Wziontek/Shutterstock (10649373y) Riots during Entrepreneur Strike. Entrepreneurs went on strike against ruling party the PiS. Police used tear gas when the protesters tried go to the office of the ruling party. Anti-lockdown protest, Warsaw, Poland - 16 May 2020

Полицијата на полската престолнина Варшава во неделата преку објава на државната телевизија ги оправдуваше своите постапки во саботата кога беа уапсени 380 лица на протестот против мерките воведени за справување со ширењето на заразата со новиот коронавирус.

Полските претприемачи во саботата, и покрај забраната за масовни собири, организираа протест со која ја повикаа владата што поскоро да ги укине рестриктивните мерки, а демонстрантите и полицијата во продолжение меѓусебно се обвинуваат за агресивно однесување и ширење лаги за протестот.

На претприемачите им се придружија и неколку групи антивладини активисти кои се противат и на нејзините рестриктивни мерки во текот на здравствената криза со Covid-19, како и стотици главно млади демонстранти кои вееја знамиња и бараа „слободна Полска“.

Варшавската полиција упасила 380 лица поради кршење на забраната за масовни собири, како и за агресивно однесување кон полициски службеници, соопшти полицискиот портпарол на телевизијата TVN24 и истакна дека таканаречениот „претприемачки протест“ против рестрикциите со кои е опфатен и трговскиот сектор бил нелегален

Демонстрантите, пак, тврдат дека полицијата одговорила со „претерана употреба на сила“, како и дека користењето солзавец не било потребно. Репортерот на телевизијата TVN24, кој известувал од настанот, рече дека ситуацијата најдобро би можело да се опише како „хаотична“.

Сенаторот Јацек Бури, од најголемата опозициска партија Граѓанска платформа, објави на Twitter дека бил насилно приведен во полицијата. Полицијата, пак, исто така на социјалната мрежа одговори дека пратеникот самиот влегол во полициски возило, во кое биле други демонстранти, и дека одбил да излезе од возилото.