Полската полиција отворила оган врз Украинци и Грузијци

Група мажи државјани на Украина и Грузија нападнале во петокот полициски службеници, коишто биле принудени да применат оружје, пренесува порталот Dziennik Lozki.

Инцидентот се случил во полскиот град Згеж, околу два часот наутро. За време на рутинска патрола по улиците, полицајците во една населба забележале агресивна група мажи во алкохолизирана состојба. Полицајците се обиделе да ги смират странските државјани, и побарале од нив да ги покажат своите лични документи. Меѓутоа, одбиле да го сторат тоа и започнале да ги гаѓаат со камења и плочи од тротоарот.

Полициските службеници истрелале неколку предупредувачки истрели во воздух, по што отвориле оган врз напаѓачите. Како резултат на тоа, 13 лица биле приведени, од кои петмина се префрлени во болница со прострелни рани во нозете. Еден од полицајците, пак, се здобил со повреда на главата.

Поради нападот на службено полициско лице, покренато е кривично дело. На притворените, кои привремено работеле во Полска, им се заканува затворски казни до десет години.