Полскиот претседател Анджеј Дуда сними рап песна за помош на медицинските лица

Полскиот претседател Анджеј Дуда се приклучи на иницијативата за собирање средства за медицинските работници кои се борат со коронавирусот, снимајќи рап песна чие видео е објавено на Интернет.

Дуда неодамна учествуваше во предизвикот „Hot16challenge“ што го почнаа полските рапери, што се состои од пишување и снимање на 16 раперски стихови за ритам, според нивниот избор, и со уплата на пари за помош на медицинските работници кои се борат против коронавирусот.

Полскиот претседател, кој е вклчучен во трката за освојување на втор мандат, не сакаше да открие кој е авторот на стиховите што ги избра, пренесува Хина.

Дуда, меѓудругите, за продложување на предизвикот го номинираше премиерот Матеуш Моравјецки.

Во иницијативата, во која учествуваа неколку уметници, досега се собрани повеќе од 220.000 евра.

Видеото на претседателот, што беше објавено во понеделникот вечерта, до вчера на пладне го видоа речиси 3,5 милиони лица.