Полскиот Сенат ја одобри реформата на Врховниот суд

Горниот дом на полскиот Сејм (парламентот) во саботата работ утрото ја одобри реформата на Врховниот суд и покрај критиките од опозицијата и од Европската унија дека овој закон наводно ќе ги поткопа демократските процеси и рамнотежата.

Десетици илјади демонстранти се собраа во Варшава и градовите ширум Полска во знак на протест против нацрт-законот во периодот додека Сенатот расправаше до раните утрински часови.

Пратениците во долниот дом во четвртокот ја прифатија реформата, којашто ја критикува Брисел, на Врховниот суд и покрај јавните протести и предупредувањата од Европската унија, загрижени за независност на правосудството во толкава мера што дури се закани и со досега невидени санкции против своја земја членка.

Пред гласањето на коешто претходеа бурни дебати во парламентот, полската опозиција предупреди дека се случува „државен удар“ кој според неа ја загрозува независноста на правосудниот систем.

Меѓутоа, конзервативната владејачка партија Право и справедливост (PiS), којашто на власт дојдоа есента 2015 година по надмоќната победа на парламентарните избори, и одлучија да ги пренебрегнат предупредувањата од Европската комисија, од претседателот на Европскиот парламент и Советот на Европа.

Европската комисија во средата ја повика Варшава „да ја прекине“ реформата на полскиот правосуден систем заканувајќи се со санкции.

„Многу блиску до го активираме членот 7 од Договорот за ЕУ“, што значи можни санкции како укинување на гласањето на Полска во Европската унија, предупреди потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс.
Полската власт презема реформи во кадровското именување во Врховниот суд и во медиумите, што се толкува со како желба за зголемување на контролата на власт над правосудството и медиумите.

„Постои опасност судовите да бидат подредени на политичарите. PiS кој нема мнозинство која се бара по уставот, се обидува со законите а го менува политичкиот систем во Полска“, изјави за медиумите полскиот народен правобранител Адам Боднар.