Полскиот закон за холокаустот предизвика критики од Израел и САД

Полскиот Сенат ноќта кон четвртокот го изгласа законот за холокаустот, со кој се има цел да се одбрани имиџот на Полска, а кој го разлути Израел и предизвика сериозно предупредување од САД.

За да стапи на сила, законот уште треба да го потпише полскиот претседател Анджеј Дуда.

САД во средата изразија „загриженост“ поради „последиците од овој закон“. Би можел да има „последици врз интересите и стратешките односи на Полска, вклучително со САД и Израел“, предупреди портпаролката на Стејт департментот, Хедер Науерт, оценувајќи дека евентуалните поделби меѓу сојузниците би биле од „полза единствено на нашите ривали“.

Науерт ја повика Полска „да го преиспита законот во духот на неговите можни последници врз слободата на говорот и нашата способност да бидеме добри партнери“.

Во овој закон, кој е спорен за САД и Израел, се наведува дека со парична или затворска казна до три години ќе се казнат оние кои „на нацијата или полската држава“ ѝ припишуваат злосторства коишто ги сториле германските нацисти во окупираната Полска.

Терминот „полски логори на смртта“, сметаат во Варшава со години наназад, дава погрешен впечаток дека Полска е одговорна за холокаустот, додека израелските челници сметаат дека со текстот се сака да се негира учествотото на Полска во истребувањето на Евреита коешто нацистите го спроведувале во Втората светска војна.

На Израел особено му пречи делот во кој гледа обид да се негира учеството на некои Полјаци во истребувањето на Евреите, дури и можноста за гонење на преживеаните од холокаустот кои би укажувале на таквите случаи.

По усвојувањето на нацрт законот минатиот петок во долниот дом на полскикот парламент, израелскиот премиер Бенјамин Нетајаху остро негодуваше. „Нема да толерираме извртување на вистината и ново пишување на историјата или негирање на холокаустот“, рече. Следеа протести на еврејските организации во странство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.