Полските пратеници го одобрија законот за Врховниот суд, и покрај наредбите од ЕУ

Долниот дом на полскиот парламемент, во кој мнозинството го имаат конзервативните струи, го одобри во средата нацрт-законот за измена на законот за Врховниот суд чиешто повлекување го нареди судот во Стразбур, оценувајќи дека го прекршува приципот на независност на судството.

Владејачката партија Правда и справедливост (PiS), којашто има апсолутно мнозинство во двата дома на парламентот за само неколку часа го одобри текстото на законот кој на пратенците им беше претставен претпладнето и кој одговара на барањата на Европската унија.

Судот на правдата на Европската унија (ECJ) пред кој Европската комисија пред еден месец покрена тужба против Полска, ја принуди тамошната влада „веднаш“ да ја сопре својата реформа според којашто судиите над 65-годишна возраст мора да заминат во пензија, а такви во полскиот Врховен суд се третина од судиите, меѓи кои и неговата претседателка Малгоржата Герсдорф. Според овој суд, чиешто седиште е во Луксембург, неговата одлука е привремена мерка и конечната одлука допрва ќе треба да ја донесе.

Официјална Варшаава ја брани својата реформа на правосудството истакнувајќи дека е неоподна поради справувањето со корупцијата и со мрежите наследени од комунизмот.

Пратеникот на владејачката PiS, Макер Аст, кој во средата претпладнето го поднесе нацрт-закононот во парламентот, рече дека текстот го понишува поглавјето за реформите коишто се однесува на пензионирањето на судиите, што е реакција на одлуката на Европскиот суд. Станува збор за предмет на „договор на владата и ECJ за Полска да не плаќа парични казни“, изјави за медиумите Анджеј Дера, близок соработник на полскиот претседател Анджеј Дудам, голем приврзаник на правосудните реформи.

Новиот закон мора уште да го потврдат Сенатот во којшто PiS исто така има мнозинство, како и претседателот Дуда, кој е припадник на конзервативната партија. Меѓутола самата поредба од новиот закон ја проблематизира опозицијата, а ескпертие оценуваат дека одлуката на ECJ е доволна за да се поништи пензионирањето на судиите. Одуката на судот на ЕУ е дел од настојувањата на Брисел да изврши притосок врз полските конзервативци кои надмоќно победија на изборите во декември 2015 година. Моменталното водство на ЕУ смета дека промените кои ги воведува PiS ја нарушуваат независноста на судството и го загрозуваат владеењето на правото во Полска, и се заканува дека земјата може поради тоа да го загуби правото на глас во Унијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.