Полските земјоделци незадоволни од средбата со Туск, протестираат на 20-ти март

По разговорите со полскиот премиер Доналд Туск, полските земјоделски организации најавија дополнителни протести против земјоделската политика на Европската унија и увозот на земјоделски производи од Украина.

На 20-ти март ќе има блокади низ целата земја во градовите провинциски и окружни центри, како и главните патишта низ земјата, изјави во саботата за новинската агенција PAP, Томаш Обзањски, шеф на земјоделскиот синдикат „Солидарношч“ (NSZZ Solidarsnosc), како и ловџиите и шумарите

Тој е разочаран од исходот на средбата со Туск.

„Ништо не е договорено, премиерот всушност ништо не објави“, рече Обзањски. Туск по средбата не даде никакви изјави.

Полските земјоделци со седмици протестираат против Европскиот зелен план и увозот на пченица и други земјоделски производи од Украина. Тие сакаат да спречат поевтино украинско жито да влезе на полскиот пазар, бидејќи по дампишки цени го обезвреднува нивниот производ.

По руската инвазија во Украина пред две години, Брисел ги укина сите увозни давачки и квоти за земјоделски производи од Украина за да ѝ помогне економски на земјата. Меѓутоа, големи количества од украинските земјоделски производи по многу пониски завршуваат на пазарите во соседните семји, поради што и минатата година имаше масовни протести и блокади на земјоделците во Романија, Бугарија, Словачка и Полска.

Покрај тоа земјоделците во земјите од Европската унија се чувствуваат оптоварени од барањата од Зелениот план. Полскиот премиер Туск пред состанокот најави дека неговата влада ќе лобира во Брисел за укинување или промена на некои од прописите за полските фармери.

Заменик-министерот за земјоделство Михал Коложијчак во саботата рече дека следниот петок се очекува најава за тоа какви исклучоци може да се направат за Полска. Има индиции дека може да има исклучоци од контроверзната распределба на земјоделско земјиште.

Со Зелениот план, ЕУ се стреми кон климатска неутралност до 2050 година. Стратегијата вклучува мерки во различни области како што се енергетиката, транспортот, индустријата и земјоделството.