Полудраг камен Оникс пронајден на ридот Богословец

Првиот примерок на полуобработен, исполиран полудраг камен Оникс. Проф. д-р Орце Спасовски, раководител на Институтот за Геологија при штипскиот УГД денеска го покажа пред камерата на Канал пет.

Деновиве, со својот тим, истражувајки ја почвената структура на Богословец, познатиот светиниколски рид, лоциран на километар до магистралата Велес-Штип, професорот ја пронајде, како што тврди, жицата на овој полудраг и мошне вреден камен ….

– Се работи за чист мермерен Оникс, со одлични карактеристики. Тоа значи, дека добро се полира, има внатрешна структура без таканаречени микро прслини, односно микро пори, кој што се многу важни за одредување на стешенот на вредноста и квалитетот на украсниот полудраг камен и по тоа битно се разликува од мариовскиот мермерен Оникс, токму со својата неверојатна природна кристална чистота, објасни проф. д-р Орце Спасовски – раководител на Институт за Геологија при УГД – Штип.

Општинските власти на Свети Николе се задоволни од откритието на геолозите од штипскиот Универзитет.

– Субјектот што ќе го експлоатира овој полудраг камен, на Општината ќе ја плаќа со закон утврдената концесија,а тоа ке значи полесна реализација на било каква зацртана програмска активност на Локалната самоуправа, бидејки Свети Николе би имал сигурен финансиски прилив, искоментира светиниколскиот градоначалник Зоран Тасев.

Професорот Спасовски укажува на економската исплатливост за експлоатација на светиниколскиот Оникс. Профитабилноста е ефектна ако дебелината на слојот од суров Оникс во земјата изнесува најмалку 30 сантиметри….

– Во овој момент ние само информираме за пронајдените првични количини од Оникс на Богословец. Колкава е количината на резервите од овој полудраг камен, постои ли економска исплатливост, тоа е надлежност на останати структури, меѓу кои и претставници на тамошните општински власти, укажа професорот Спасовски.

Ониксот е единствена суровина за изработка на скапата украсна внатрешна декорација и мини украси како дел од ентериерот на екслузивните туристички комплекси, хотели, деловни згради, но и домови, и изработка на најразновиден накит. Во редот на повеќето видови на Оникс.

За Канал пет, професорот не ја исклучи можноста во натамошните истражувања да се открие и жицата на таканаречниот црн Оникс, еден од највредните полудраги камења од оваа класа, за кого нашите антички предци му придавале митски карактеристики, но и лековити својства…

 Извор: Канал5