Полугол маж во поза на Борисов лежи на улица на протестите во Бугарија

На протестите во Бугарија против владата на Бојко Борисов, а кои утре прават половна месец, највпечатлив беше полугол маж кој лежи на улица алудирајќи на фотографијата од Борисов кој спие во неговата соба со пиштол и пари.

БГНЕС информира дека тој полугол лежел на улицта, со пиштол и банкноти покрај него, за време на 14. ден од протестите на кои демонстрантите бараат оставка од Борисов.

Неодамна осамнаа неколку фотографии од спалната соба на Борисов, а на дел од нив можеа да се забележат банкноти од по 500 евра, злато и пиштол.