Помал број починати од коронавирусот во Италија

Во последните 24 часа во Италија од Covid-19 починале 50 лица, 69 помалку отколку во претходното деноноќие, објави во неделата Агенцијата за цивилна заштите во редовниот дневен брифинг, но во податоците поради технички проблеми не се вклучени податоците од најтешко погодениот регион на Ломбардија.

Бројот на заболените паднал на 531 во неделата, во однос на 669 пациенти во неделата.

Вкупниот број починати во епидемијата во Италија од нејзиното избувнување на 21-ви февруари се искачи на 32.785 лица, според официјалните податоци. Повеќе починати во светот имаат само САД и Велика Британија.

Италија со севкупно 229.858 заразени е шеста на светот, зад САД, Русија, Шпанија, Велика Британија и Бразил.

Оздравени се 140.479 луше, а бројот на актвини случаи во неделата е 56.594.

Во Италија, којашто има околу 60 милини жители, на коронавирусот досега се тестирани 2,2 милиони луѓе.