Помалите политички партии решени да го сменат изборниот модел

Помалите политички партии овој пат цврсто се решени да ги истуркаат измените на Изборниот законик за промена на изборниот модел од шест во една изборна единица, објавува А1он.

Павле Трајанов од Демократски сојуз информира дека подготвуваат иницијативата зад која ќе застанат над 30 пратеници, а се очекува да ја поднесат до крајот на јануари. Трајанов додава дека доколку не се прифати нивниот предлог малите партии имаат механизам да го блокираат носењето на одлуките и да го доведат во прашање функционирањето на Парламентот.

„Во моментот работиме да обезбедиме единство и цврсто да стоиме на нашето барање. Сакаме да издејствуваме иницијативата да помине со консензус со договор и останува да видиме дали ќе прифатат или може да блокираме. Доколку десетина пратеници се одвоиме од коалицијата и не ги гласаме за одлуките и законите во Парламентот, тој не може да функционира. Еве нека си ги гласаат сами без нас. Но, ниту СДСМ самостојно со ДУИ може да носи одлуки, ниту, пак, ВМРО-ДПМНЕ на кој било начин ќе може да функционира. Затоа очекуваме разговор и заеднички договор за нашето барање“, рече Трајанов.

Од партијата ДОМ, која со години се залага да се затвори ова прашање, велат дека решението треба да се договори на маса со сите партии по пат на консензус. За нив клучно е што над 50% од граѓаните даваат поддршка за промена на изборниот модел, па оттука не гледаат проблем политичарите да се договорат и следните парламентарни избори да се организираат во една изборна единица.

Целиот текс прочитајте го ТУКА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.