Помалку автобуси и билетарници во понеделник

93

Автобусите од јавниот превоз в понеделник (12 октомври) ќе сообраќаат по неделен, зимски возен ред поради државниот празник 11 Октомври, Ден на народното востание, соопшти денеска Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје.

Дежурни ќе бидат три билетарници, односно билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче кои ќе работат од 7 до 19:30 часот, а од 7 до 13 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров, информираат од ЈСП Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.