Помалку од четвртина гласачи Македонци ќе излезат на референдумот за промена на името

Според официјална анкета на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), излезноста на референдумот ќе биде катастрофално лоша, па податоците од оваа кредибилна институција покажуваат дека излезноста ќе изнесува само 32,3 отсто од вкупното гласачко тело, што иразено во конкретни бројки изнесува 616.930 гласачи.

Доколку се земе како прецизна оваа анкета, а имајќи го предвид фактот дека сите албански партии во Македонија повикаа на излезност, како и партиите на заедниците може слободно да се заклучи дека бројот на Македонци кои би гласале на референдумот би бил некаде околу 250 до 300 илјади. Ова претставува врела шлаканица за власта којаштои ѝ ја влепува мнозинскиот македонски дел од вкупниот електоратат кој повеќе од очигледно не ги одобрува штетните антидржавни политики на СДСМ. Придонес кон таквото расположение, исто така и катастрофалното водење на економските политики, неисполнетите ветувања за „подобар живот“ и, секако, бројните коруптивни афери и скандали во кои беше фатена власт.

Сé повеќе млади се иселуваат, иако сегашната власт ветуваше дека тоа ќе го запре, таа дури и го забрза процесот, па забрзано се празни не смао внатрешноста од државата, туку и Скопје. Година и половина нема никакви проекти, никакви инвестиции, власта буквално не мрднува со прст.

Граѓаните не се согласуваат Република Македонија да го смени своето име, по теркот на договорот од Нивици потпишан од владата на Заев со кој се губи идентитетот, историјата, културата и традицијата. Дополнително граѓаните гледаат дека оваа власт не прави ништо од полза на земјата, а сé што прави е на штета на македонските национални интереси.

Според многумина, ваквата незаинересираност на граѓаните се должи и на фактот дека партиите коишто партиципираат во власта ги изневериле своите гласачи, незадоволството кај народот е огромно. Но од ОБСЕ, исто така,  неофицијално брифираат дека медиумската пропаганда за претстојниот референдум на партиите на власт е комплентно промашена.