Помалку од половината жени во светот се на пазарот на трудот

Помалку од половината од жените глобално се наоѓаат на пазарот на трудот, што покажува дека родовите разлики многу малку се промениле во последните 25 години, објавија во вторникот Обединетите нации.

Според извештајот „World’s Women 2020“, 47 отсто од жените на работоспособна возраст имаат работа, наспроти 74 од мажите. Процентот на жените на пазарот на трудот е уште понизок во јужна и во западна Азија и во северна Африка, каде работат помалку од 30 отсто од жените.

Пандемијата на коронавирусот веројатно дополнително ќе ја влоши оваа статистика, сметаат стручњаците.

Економскиот потенцијал на жените е дополнително придушен со неплатената работа во домаќинствата, на што тие трошат трипати повеќе часови дневно отколку мажите.

Жените заземаат 28 отсто од менаџерските позиции и 18 отсто од директорските позиции на глобално ниво, се додава во извештајот.

„Напредокот кон рамноправна поделба на моќта и рамноправноста на жените и натаму е недостижен. Ниедна земја не ја достигнала родовата рамноправност, а кризата со Covid-19 ќе заканува дека ќе го еродира и ограничениот напредок кој е направен“, изјави генералниот секретар на ОН, Антониот Гутереш.

Извештајот од 1995 година се објавува на секои пет години, за да се добие увид во напредокот на полетот на родовата рамноправност.