Помпео го повика Кабул да ги искористи преговорите во Доха за сепофатен прекин на огнот

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во текот на средбата во саботата во Катар со челникот на авганистанскиот Врховент совет за национално помирување, Абдула Абдулах и вршителот на должноста авганистански министер за надворешни работи Мохамад Ханиф Атмар, ги повика властите во Кабул да ги искористат меѓуавганистанските преговори во Доха за постогнување сеопфатен прекин на огнот.

„Државниот секретар Мајк Помпео го повика Абдула Абдулах да ја искористи оваа можност за да се постигне политичко решение, сеопфатен и траен прекин на огнот. Помпео ја поздрави (решителноста) на авганистанското раговодство (во поглед на) завршувањето на 40-годишната војна и да се осигури Авганистан да претставува закана за САД и нивните сојнизици“, се истакнува во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Помпео, исто така, одржал и одвоен состанок со шефот на политичката канцеларија на талибанското движење, мула Абдула Гани Барадар. Како што се нагласува во соопштението на Стејт департментот, државниот секретар истапил со истиот повик и пред претставниците на талибаните.

Мировните преговори меѓу авганистанската влада и талибаните започнаа во саботата во катарската престолнина Доха. Според Абдулах, двете страни се „решителни да донесат мир во Авганистан“.

На 29-ти февруари годинава, исто така, во Доха, по седумте круга преговори кои траеја речиси една година беше потпишан мировен договор меѓу САД и радикалното исламистичко движење Талибан. Според договорот, САД и нивните сојузници како и меѓународната коалиција во текот на следните 14 месеци треба да го повлечат од Авганистан своите трупи. Од своја страна, талибаните гарантираат дека авганистанската теририторија нема да се кориси за активности кои претставуваат закана за САД и нивните сојузници. Истот договор предвидуваше и ослободување на 5.000 приврзаници на движењето од авганистанските затвори, а талибаните да ослободат околу 1.000 лица кои ги држеа во заробеништво, како мерки на доверба пред почетокот на меѓуавганситанските преговори за постигнување мир во земјата.

Претходно во средата началникот на Централната команда на американската армија, генералот Кенет Мекензи, во интервјуто за американските медиуми изјави дека Соединетите држави до крајот на октомври или почетокот на ноември ќе го намалат својот контингент во Авганистан од 8.600 на 4.500 војници.