Од турската општина Мармара денеска во Скопје треба да пристигнат пет камиони со различни производи за настраданите од поплавените подрачја во Скопско, соопшти Амбасадата на Турција во Македонија.
Помошта се состои од храна, пелени, играчки, средства за лична и домашна хигиена, вода, разна облека, конзерви, сол, шеќер, брашно, макарони, грав, салфети.. Ќе биде предадена во магацините на општина Чаир.
Од амбасадата најавуваат и дека утре или задутре општина Баликесир ќе испрати 100 софи.
Претходно од Турција помош испратија и општините Бурса, чии екипи сеуште помагаат на терен, Ејуп, здружението на општини Мармара, ТИКА, МУСИАД. На терен помагаше и екипа од градот Истанбул. Со механизација е ангажиран и „Џевахир Холдинг“.