Помошник на Туск осуден за падот на авионот во кој загина претседателот Качински во 2010-та

© AP Photo / Mikhail Metzel

Судот во Варшава го осуди во четвртокот помошникот на поранешниот полски премиер Доналд Туск за негрижа во врска со падот на авионот во 2010 година во Русија во кој загинаа тогашниот полски претседател Лех Качинси и уште 95 високии полски државни функционери, јавни личности и членови на екипажот.

Трагедијата којашто ја шокираше Полска сѐ уште внесува во жестоки партиски поделби во земјата. Владејачката партија Право и справедливост (PiS), која ја води Јарослав, братот близнак на загинатиот претседател Лех Качински, веќе со години ги обвинува сегашниот челник на Европскиот совет, Доналд Туск, и неговата влада до 2010 година дека недоволно се ангажирала во истражувањето на несреќата.

Повеќето Полјаци веруваат дека падот на авионот кој се случил во услови на густа магла и при две предупредувања на белоруската контрола на летањето за лошите временски услови на воениот аеродром во Смоленск во Русија, бил трагична несреќа, но некои и натаму сметаат дека станува збор за планиран атентат, покажуваат анкетите.

Судот на Томаш Арабски, тогашен шеф на кабинетот на Доналд Туск, му одреди затворска казна од 10 месеци условно за две години. „Дозволил превоз со авионот знаејќи дека во Смоленск нема аеродром погоден за слетување на авиони кои превезуваат претседатели“, истакнал судијата Хуберт Гасиор.

Портпаролката на владејачката PiS, Анита Червинска, по изрекувањето на пресудата изјави дека таа е „симболична во однос на штетата којашто ѝ е нанесена на Полска“.

Туск беше полски премиер од 2007 до 2014 година, а во моментов е претседател на Европскиот совет, и сведочеше во овој случај. На судот истакна дека организацијата на техничките аспекти на државната посета на Русија не биола работа на неговиот кабинет. Качински и неговата придружба патувале во Русија на комеморацијата на над 22.000 полски воени заробеници убиени во 1940 година во Катинската шума, најмногу од нив егзекутирани под наредба на тогашниот советски челник Грузиецот Јосиф Висарионович Џугашвили Сталин.

Истрагата на владата на Туск дојде до заклучоци дека причината за несреќата била грешка на пилотот чиј авион во маглата ги закачил при слетувањато крошните на дрвјата, но од PiS чество тврдеа дека падот го предизвикала експлозија на летот. Досега нема јасни поткрепи на ова тврдење, освен дека биле направени големи превиди при идентификацијата на останките на жртвите, па следеа и ексхумации.

Судењето кое заврши во четвртокот беше покренато на барање на семејствата на жртвите кои ги обвинуваат тогашните функционери за небврежност. Двете страни може да се жалат на судската одлука.

Несреќата ги влоши и односите меѓу Варшава и Москва, особено по доаѓањето на власт на PiS. Иако пратијата никогаш директно не ја обвини Русија дека ја предизвикала несреќатата, смета дека Кремљ имал полза од политичкиот хаос кој следеше, бидејќи во падот загинаа и гувернерот на централната банка, воениот врв, многу пратеници и академици. Москва од своја страна повеќепати повика на меѓународна истрага, и посочи дека Качински патувал за да ја добие целосната и никогаш необајвена документација за масакрот во Катинската шума. Во медиумите се шпекулираше и за наводно полско свртување кон соработа со Русија, особебо во економската сфера.