Помпео бара од Франција да ја поддржи Македонија за НАТО и ЕУ

Американскиот државен секретар Мајк Помпео побарал од Франција да не го блокира пристапувањето на Македонија во НАТО и Европската унија, во текот на разговорот со шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ледриан.

Помпео побарал по постигнатиот договор меѓу Скопје и Атина, Париз да ги поддржи аспирациите на Македонија за членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ, откако претходно во саботата грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас изјаву дека најверојатно Холандија и Франција и натаму ќе се спротистават на двањето датум за Македонија

„Државниот секретар Помпео побара од франускиот министер за надворешни работи Ледриан да ја поддржи поканата од НАТО за приклучување на Македонија, како и отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ, по потпишувањето на договорот за името меѓу Грција и Македонија“, се наведува во соопштението објавено на веб страницата на Стејт департментот.

Коѕијас во текот на прес-конференцијата на Родос посочи дека Франција и Холандија вложиле приговори и веројатно ќе се спротистават на отворањето на преговорите за пристапувањето на Македонија кон ЕУ и ќе ја отфрлат кандидатурата на Албанија на Советот на ЕУ кза надворешни работи во Брисел, кој се одржува викендов во Брисел, и на Самитот на У во четврток и петок следната седмица, пренесува весникот Катимерини.

Шефот на грчката дипломатија рекол и дека Германија, Данска и Луксембург во писмо изразиле сомневање дека Македонија и Албанија доволно напредувале за да заслужат отворање на преговорите за пристапувањето на ЕУ, но дека подоцна ги повлекле своите сомнежи.

Холандскиот парламент во четвртокот гласаше против евентуалната кандидатура на Албанија, но во случајот на Македонија одвоено дебатира, додека германските пратеници ги поддржуваат преговорите со Македонија, но под извонредно строги услови.

Како што јавија во саботата француските медиуми, Париз целосно ја одбил кандидатутарата на Албанија, а смета дека влегувањето на Македонија во НАТО засега е „соодветна награда“