Помпео го обвини Иран дека стои зад инцидентот во Оманскиот залив

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во четврокот рече дека САД вр основа на разузнавачки информации, видот на оружјето и стручноста веруваат дека Иран е одговорен за нападот врз двата танкера во Оманскиот залив, додека иранската дипломатија оцени дека станува збор за „сомнителен“ ицидент кој се случува во текот на историската посета на јапонскиот премиер Шинзо Абе на Техеран кој порача дека ќе се заложи за смирување на тензиите на Блискиот исток.

Меѓутоа, како и во претходните случаи, шефот на американската дипломатија не понуди никакви конкретни докази за своето тврдење.

„Претпоставката на САД е дека Исламската Република Иран е одговрна а нападите кои се случија денеска во Оманскиот залив. Оваа претпоставка се заснова на разузнавачки инфомрации, користените оружја и нивото на стручност за изведување на таква операција, неодамнешните ирански напади на транспорт на стоки, како и на фактот дека ниедна групација која дејствува на тој простор ги нема потребните ресурси и вештини да настапи со толку висок степен на софистицираност“, рекол Помпео пред новинарите.

Вашингтон го обвини Иран за поврзаност со случниот напад од 12-ти мај кога беа нападнати четири танкери во водите на Обединетите Арапски Емирати.

Во четвртокот претпладнето иранските спасувачки тимови пружија помош на двата погодени нафтени танкера во Оманскиот залив, спасувајќи ги сите 44 членови на екипажите кои се префлрени на јужното иранско крајбрежје.

И двата погодени танкера, едниот кој пловел под панамско знаме во сопственост на Јапонија и другиот под знамето на Маршалските острови во сопственост на Норвешка, не потонале, и не загубија од својот транспорт.

Претходно во четвртокот, неколку часа по нападите, иранскиот министер за надворешни работи Мохамат Џавад Зариф изјави дека станува збор за сомнителни инциденти. Истакнувајќи дека нападот врз танкерите е поврзан со Јапонбија и токму кога во моментите кога во текот првата во историјата посета на јапонски премиер, Шинзо Абе се сретнал со иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи во „обемни и пријателски разговори“.