Помпео го повика НАТО да се прилагоди на новите закани, вклучувајќи ја и Кина, недоразбирања меѓу сојузниците

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги повика сојузниците во НАТО да се прилагодат на „широкиот спектар“ нови закани, вклучитечелно и „зголемената агресивност“ на Русија, „стратешката компетитивност“ на Кина и неконтролираните миграции.

Изјавата на американскиот државен секретар Мајк Помпео беше дадена на отворањето на министерскиот состанок во Вашингтон по повод одбележувањето на 70-годишнината на Северноатлантскиот сојуз. Ја истакна притоа важноста од јакнење на сојузот на 29-те држави за да можат да им се спротистават на „новите закани од Русија, Кина и Иран“.

„Мораме да го прилагодиме нашиот сојуз на новите закани, без разлика дали станува збор за агресивноста на Русија, неконтролираните миграции, кибернетичките напади, заканите за енергетската безбедност, стратешката компетитивност на Кина вклучително и 5Џи технологијата“, рече Помпео.

Во стратешкиот документ од минатата 2018 година, американската армија ги стави Кина и Риусија во центарот на новата стратегија за одбраната, оценувајќи ги како најголеми закани по безбедноста на САД.

Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО ќе се занимаваат со одговорот на „руската агресија“ и ќе се обидат да усогласат пакет мерки за посилна воена присутност на Црното Море, соопштија за медиумите функционери на Алијансата.

Станува збор за горливо прашање за западниот воен сојуз, бидејќи ваквите настојувања засега наидуваат на противење од Турција и Бугарија. Софија нема планови за распоредување воено-поморски бази на НАТО на својата територија, рече вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервјуто за руската новинска агенција ТАСС која во петокот објави исечоци од разговорот. Бугарскиот вицепремиер притоа истакна дека иако Софија е тесно поврзана со Алијансата, нејзината цел е избегнување напрегнати ситуации во регионот.

Уште кон средината на јуни 2016 година премиерот Бојко Борисов изјави дека Бугарија нема да ѝ се придружи на предложената флота на НАТО којашто треба да им се спротистави на руските поморски сили во Црното Море, бидејќи не сака во регионот да се војува, само ден откако Москва порача дека таквата активност ќе ги поткопа регионалната безбедност и руските односи со Алијансата. Борисов рече дека не сака воени фрегати да пловат пред бугарските црноморски летувалишта. Претходно Турција и Романија побараа испраќање флота и војници на НАТО во регионот, но следните години по заладувањето на односите меѓу Вашингтон и Анкара и наспроти тоа турско-руското приближување, ги доведоа во прашање ваквите планови.

Според конвенцијата од Монтре, земјите што немаат излез на Црно Море не смеат на таа територија да ги задржуваат своите бродови подолго од 21 ден. Седиштето на руската Црноморска флота историски е во Севастопол, на полуостровот Крим кој се отцепи од Украина и се присоедини на Руската Федерација, што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија.

Вашингтон, исто така, предупреди дека не сака да биде партнер со земјите коишто ги усвојуваат технолошките системи на кинеската корпорација „Huawei“ и поради тоа се во спор, особено со Германија, со Европската унија којашто го отфрли повикот на САД да ги забрани активностите на оваа компанија. Големно мнозинство членки на НАТО се воедно и членки на ЕУ.

Отворајќи го состанокот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека членките би требало да се придржуваат до обврската за зголемување на издвојувањата за одбраната. „Сите членки ветија дека повеќе ќе инвестираат во одбраната за чесно да се сподели товарот на финансирањето и очекувам од сите, вклучувајќи ја секако и Германија, да го исполни ветувањето коешто заедно го дадовме“, нагласи Столтенберг.

Американскиот претседател Доналд Трамп особено е насочен на зголемувањето на издвојувањата за одбраната на членките на НАТО на најмалку 2 отсто од бруто домашниот производ (БДП). Трамп повеќепати ги обвини европските членки, особено Германија, дека не прават доволно во тој поглед и оти ги искористуваат САД, бидејќи се потираат Вашингтон да ја осигури ниванта безбедност.

Столтенберг рече дека спорот меѓу САД и Туријца околу договорот меѓу Анкара и Москва за купување на противвоздушните ракетни системи С-400 не е на дневниот ред на состаноко, но дека за тоа ќе стане збор на маргините од средбата.

Турција нема да се откаже планот оваа година од Русија да го купи ракетниот противвоздушен систем С-400, порача во Вашингтон повторно во средата турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу. Шефот на турската дипломатија минатиот петок рече дека на земјата ѝ се потребни ракетни системи и потсети дека на потпишувањето на договорот со Русија се одлучиле откако Турција беше одбиена од западните сојузници и откако Анкара под нивен притисок го раскина договорот за заедничко производство на одбранбени воздушни системи со Кина.

Договорот меѓу Анкара и Москва ги вознемири турските сојузници во НАТО, особено САД. Американскиот Стејт департмент претходно седмицава ги суспендирапе испораките на делови за ловците од типот „F-35“ на Турција. Во јуни минатата 2018 година американскиот Сенат ја усвои својата верзија од нацрт-буџетот за 2019 година. Таа предвидува запирање на учеството на Турција во производствената програма на петтата генерација американски борбени авиони од моделот„F-35“, поради нејзините намери да набави руски противвоздушни ракетни системи од типот „С-400“. Турција во споменатиот проект учествува задно со уште осум земји. Нејзиниот удел во развојот требаше да изнесува околу 11 милијарди долари. Од оваа сума Анкара во проектот веќе вложи околу 800 милиони долари, а во замена за тоа САД требаше да ѝ испорачат сто авиони.