Помпео ја предупреди Швајцарија поради блиски деловни врски со Кина

63
© REUTERS/Eric Thayer

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја предупреди Швајцарија поради блиските деловни врски со Кина, изјавувајќи за швајцарски весник дека оваа неутрална европска земја се изложува на опасноста од нарушување на приватноста, доколку ја прифати помошта на кинеските компании во изградбата на својата инфраструктура.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп им порачува на сојузниците да не ја користат мобилната технологија и опремата од новото поколение 5G на кинескиот производител „Huawei Technologies Co Ltd“ поради наводна загриженост дека тоа би ѝ овозможило на Кина шпионирање на чувствителни комуникации и податоци. Од кинескиот технолошки концерн негираат дека се или, пак, би можеле да станат средство за кинеската државна шпионажа.

„Швајцарците веќе долго придаваат голема важност на заштитата на својата приватност. Но ако користите кинеска технологија, своите податоци ѝ го доставувате на Комунистичката партија на Кина. Нема приватност“, вели за весникот Neue Zuercher, Мајк Помпео, шеф на дипломатијата на САД под чијшто притисок пред неколку години швајцарските банки мораа да попуштат в опоглед на стогодишната препознатливост за доверливост на податоците за своите коминтенти.

Во интервјуто објавено во вторникот, Помпео ја фали Швајцарија, која е дипломатски посредник меѓу САД и Иран, како земја со длабока демократска традиција, владеење на правото и слични погледи на светот.

„Но ние исто така работиме заедно на важните безбедносни прашања“, рече Помпео во текот на својата четиридневна посета на Швајцарија која заврши во понеделникот.

Швајцарскиот претседател Ули Маурер се сретна во мај во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп, а претходно во април во Пекинг со кинескиот претседател Кси Џинпинг.

Маурер во Вашингтон рече дека Швајцарија избрала поинаков пат во односите со Кина, преферирајќи заговарање на своите вредности директно со Пекинг. Порача дека Швајцарија им забранила на сите странски компании пружање услуги за клучната инфраструктура, но оти „Huawei“ веќе бил присутен на приватниот комерцијален пазар.

Се очекува дека Трамп, кој престојува во тридневна официјална посета на Лондон, ќе побара од британската премиерка на заминување Тереза Меј изземање на „Huawei“ од ширењето на 5G мобилна мрежа во Обединетото Кралство. Министерот за безбедност, Бен Волис, изјави дека Британија не донела конечна улога а тоа дали ќе ја користи технологијата на споменатата кинеска компанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.