Помпео: Мадуро бил подготвен да ја напушти Венецуела, Русите побарале да остане

Американскиот државен секретар Мајк Помпео тврди дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро бил подготвен да ја напушти земјата во вторникот изутрина пред повикот на водачот на опозицијата Хуан Гуаидо, но дека тој го смени својот план по интервенцијата на Русија.

Тие имаа авион на пистата. Беше подготвен да замине утрото. Русите посочија дека треба да остане, изјави Помпео во интервју за Си-Ен-Ен.

Според него, Мадуро требало да замине во Хавана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.