Помпео на европска турнеја во обид да се спротистави на кинеското и руското влијание

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во понеделникот ја започнува петтдневната европска турнеја на којашто, според најавите на американските функционери, треба да се обиде да се спротистави на кинеското и руското влијание во регионот.

Турнејата на Мајк Помпео започнува во Унгарија, а ќе продолжи во Словачка, Полска, каде што ќе учествува на меѓународната конференција за Блискиот исток, како и во Белгија и на Исланд.

Функционери Стејт департментот изјавија во петокот дека Вашингтон се обидува да го зајакне „американскиот дипломатски, трговски, воен и културен ангажман“ во централна Европа.

„Нашиот став е дека ангажманот е задоцнет и дека сега е потребен, дека недостигаше цврст американски ангажман во последната деценија во централна Европа, и создаде вакуум кој Русија и Кина подготвено го пополнија… Нашата порака дека мораме да се појавиме или ќе загубиме“, ги брифираа функционерите новинарите.

Помпео го очекуваа во Будимпешта во понеделникот, во периодот на влошување на односите со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кои од друга страна ги подобрува односите со Русија и Кина. Американскиот државен секретар би требало да разговара за одбранбената соработка, енергетската диверсификација, влијанието на Русија и одржувањето цврсти односи во НАТО.

Додека рускиот претседател Владимир Путин минатата година во Унгарија престојуваше двапати, американски претседател ја посетил земјата во 2006 година.

Помпео, исто така, во Унгарија треба да изрази поради сѐ поголемата присутност на кинеската компанија „Huawei Technologies“ во централна Европа. Оваа компанија планира во Унгарија да воспостави европски логистички центар, за оваа година да ги зголеми капацитетите во централна Европа.

САД настојуваат да ги убедат владите на другите земји да го избегнуваат кинескиот технолшки гигант „Huawei“, кој се наоѓа под опсервација на европските разузнавачки агенции поради наводни врски со кинеската влада и можноста нивната опрема да можела да се користи во шпионажа. Помпео, како што се очекува, од челниците во регионот ќе побара да обратат внимание на предупредувањето на земјите од азиско-пацифичкиот регион, коишто поради „претесната соработка со Кина се нашле во тешка ситуација“.

САД се загрижени поради влијанието на „Huawei’ во малите држави од средна и источна Европа, бидејќи „во нив има доста корупција“, и е „многу лесно да се продре во државните системи“.

Помпео по Унгарија ќе ја посети Словачка, кадешто исто така ќе разговара за јакнењето на одбранбената соработка и безбедноста. Ниеден американски државен секретар не престојувал во Братислава веќе дваесет години.