Помпео на средба со Меркел во Брелин

25
© REUTERS/Eric Thayer

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Берлин ќе разговора со германската канцеларка Ангела Меркел.

„Покрај билатералните односи, на агендата ќе бидат тековните меѓународни прашања“, изјави за новинарите портпаролката на германската влада Мартина Фиц.

Помпео е во дводневна посета на Германија и ќе посети пет градови, вклучувајќи го и Биндлахер Берг во Баварска, каде што во 1980 година во американската воена база тој служел како командант на тенковска. Помпео во Берлин ќе одржи говор во кој ја истакнува американската улога во помагањето на источна и централна Европа во ослободувањето од „комунистичкиот јарем“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.