Помпео на средината од август во Прага, Виена, Љубљана поради 5G мрежата

131

Американскиот државен срекретар Мајк Помпео кон средината на август ќе посети повеќе земји во централна Европа, меѓу нив и Словенија, со коишто САД сакаат да потпишат билатерални изјави за неопходни безбедносни услови за воведување на мобилните мрежи од петтата генерација 5G, пренесуваат во петокот словенечките медиуми.

Информацијата дека американскиот државен секретар својата европска турнеја, чијашто формална рамка е поврзувањето на одбележувањето на крајот на Втората светска војна со крајот на идеолошката ткн Студена војна и падот на тоталитаризмот во Европа, ќе започне во чешката престолнина Прага на 11-ти август а потоа ќе продожи со посети на Австрија, Словенија и Полска, првично ја објави чешки медиум.

Според написот, разговорите на Мајк Помпео со челниците на земјите сојузнички и членки на НАТО би требало да го опфатат и прашањето на новата дигитална инфраструктура, па и градењето на мрежата 5G, а предвидено е и потпишување заедничка декларација за безбедносните услови за 5G инфраструктурата во Европа.

Тексот на нацрт-декларацијата, според словенечката службена новинска агенција STA, предвидува безбедносна проверка на корпорациите коишто нудат 5G технологија, транспарентност на нивната сопственичка структура, дали го почитуваат правото на интелектуалната сопственост и законите поврзани за транспарентноста на корпоративното управување.

Слични заеднички изјави САД веќе потпишаа со Полска, Романија, Естонија и Латвија, а целта на изјавата, меѓу другото, е да ја истакне важноста од бебзедни дигитални мрежи на ниво на Европската унија и НАТО.

Иако името во нацрт-документот директно не се споменува, слободно може да се претпостави дека целта на оваа изјава е намерата за воведување на рестрикции за водечката светска технолошка корпорација кинески „Huawei“. Веќе подолг период Вашингтон настојува сојузниците да ги одвратат да соработуваат со Кина и „Huawei“ поради наводен безбедносен ризик, обвинувајќи ја кинеската компанија дека шпионира во полза на Пекинг, што таа остро го отфрла.

Засега, инаку, сѐ уште нема официјални потврди од властите на споменатите европски земји за посети на шефот на американската дипломатија и разовори за безбедностните мерки поврзани со 5G мрежата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.