Помпео негира одмазда во смената на Линик, кој истражувал продажба на оружје на Ријад

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, негираше во понеделникот дека сменувањето на генералниот инспектор на ревизорската служба на Стејт департментот, Стивен Линик, е поврзана со одмазда поради истрага која тој ја водел против него, а телевизијата CNN објави дека ја истражувал американската продажба на оружје на Саудиска Арабија.

Долгогодишниот обвинител Стивен Линик во 2013 година беше именуван од тогашниот американски претседател Барак Обама од Демократската партија, да ја контролира американската дипломатија која има буџет од 70 милијарди долари. Минатиот петок Линик, чијашто улога беше да го контролира, независно и на сите новоа, спроведувањето на извршната власт во дипломатијата на САД, беше сменет од актуелниот претседателот Доналд Трамп, на барање на државниот секретар.

Иако опозициските демократи го критикуваа Трамп дека не го почитувал американскиот закон, според кој извршната власт мора 30 дена претходно да го извести Конгресот дека сака да го отпушти главниот инспектор во Стејт департментот, се покажа дека претседателот го известил Конгресот да го разреши Линик од должноста, поради губење на довребата во неговото работење. Трамп притоа рече дека ниту го познавал ниту слушнал нешто за Линик, но истакна дека има право да го острани од должноста, а Помпео потврди дека тоа е сторено по негова сугестија.

„Невозможно е таа одлука да е резултат на одмазда поради истра којашто била или е во тек“, вели државниот секретар Мајк Помпео во разговорот за дневниот весник The Washington Post и додава дека ниту знале дека се води некаква истрага.

На крајот од седмицата телевизијата CNN објави дека државниот секретар Мајк Помпео инсистирал на смената на Линик порди тоа што го истражувал поради можни злоупотреби на функцијата. Се шпекулираше од страна на функционерите од Демократската партија дека Линик ги истражувал поплаките дека Помпео ја злоупотребувал позицијата на висок функционер во сопствена и во полза на неговата сопруга.

Демократите обвинуваат дека шефот на американската дипломатија често патува со владин авион придружуван од сопругата Сузан Помпео, која нема никаквва службена должност. Минатата година CNN објави дека „свиркач“ предупредил дека дипломатското обезбедување морало да се грижи и за семејното домашно милениче и да врши набавки за нив.

„Таквите истраги редовно ги гледам дури 24 или 48 часа пред нивното објавување. Невозможно е да станува збор за одмазда и тичка“, заклучи Помпео.

Шефот на американската дипломатија одби да ги потврди или негира обвинувањата дека за приватни цели користел услуги на еден агент на министерството. „Нема да одговорам на ниедна од тие неосновани обвинувања“, вели Помпео.

Исто така, не одговара на прашањето што му забележува на Линик, освен дека ја поткопувал мисијата на неговото министерство. „Отидов до претседателот и јасно му кажав дека ревизорот Линик не ги извршува своите должности во насока на подобрување на функционирањето на Стејт департментот“, појаснува Помпео.

По објавувањето на овај разговор, демократски пратеници и телевизијата CNN објавија дека Стивен Линик бил пред заклучувањето на една друга потенцијално непријатна истра за Помпео за продажба на оружје на стратешкиот американски блискоисточен сојузник Саудиска Арабија.

Според неименувани извори на CNN, Линик го истражувал наводниот обид на американската администрација да го заобиколи Конгресот и да му продаде оружје на Ријад во вредноста од 8 милијарди долари во забрзана постапка.

Во прилогот на телевизијата се наведува дека Помпео „одбил да му даде исказ на генералниот инспектор Лини во рамките на истрагата за обидот на администрацијата да го заобиколи неоходното одобрување на Конгресот, под изговор за вонредна состојба и да ја забрза продажбата на оружје на Саудиска Арабија минатата година за 8 милијарди долари“.

Претходно телевизиската мрежа NBC News пренесе за друга истрага. Според телевизијата, главниот ревизор сакал да открие дали Помпео навистина го принидил помошникот за перознал да го прошета неговиот домашен миленик, да однесе алишта на хемиско чистење и да резерва маса за вечера на државниот секретар и неговата сопруга.