Помпео неколку месеци го наговарал Трамп да се убие Сулејмани

(Photo by Alex Wong/Getty Images)

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој во неделата рече дека американските челници не се сомневаат во разузнавачките податоци зад одлуката за убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, всушност неколку месеци го убедувал претседателот Доналд Трамп дека треба да се елиминира влијателниот на Блискиот исток ирански командант, пишува весникот The Washington Post.

Истакнувајќи дека долго време американскиот претседател Доналд Трамп не се согласувал со ваква операција, соговорниците на весникот рекле дека и американските високи офицери биле против слични мерки, откако кампањата со жестоките санкции против Иран доведе до зголемена напнатост во односите со Техеран. Таквата операција, исто така, како што се забележува во написот, побарувала и сѐ повеќе воени ресурси на Блискиот исток.

Меѓутоа, ситуација се изменила откако на 27-ми декември во ракетирањето на воеанта база во ирачката покраина Киркук загина цивилно лице од САД. На 29-ти декември, шефот на дипломатијата Мајк Помпео, министерот за одбрана Марк Еспер и начаникот на здружените команди на американската армија, Марк Мили, се сретнале со претседателот Доналд Трамп. Како резултат на разгледувањето на мерките со кои Вашингтон ќе одоговори, претседателот се согласил со ликвидацијата на генералот Касем Сулејмани, пишува весникот.

Истовремено, Помпео за американската телевизиска мрежа ABC News, вели дека администрацијата во Вашингтон не се сомена во разузнавачките информации кои довеле до носење на одлуката за ливкидацијата на Сулејмани.

„Разузнавачката процена покажа дека дозволувањето Сулејмани да го продолжи своето планирање и заговор, својата кампања на терор, е поризична отколку акцијата коајшто ја преземавме минатата седмица“, уверува Помпео.

Американскиот министер за надворешни работи во разговорт за неколку американски телевизии ја бранеше наредбата на претседателот Трамп за елиминирање на иранскиот генерал, влијателен и моќен командант на иранските специјални сили Ал Кудс.

Критичарите на одлуката за ликвидација на Сулејмани поради стравување од опасна ескалација на конфликтот со Иран, изнесуваат сомнежи во наводните заклучоци на американската разузнавачка заедница за коишто Трамп во петокот рече дека покажале дека иранскиот генерал планира „скорешни и злокобни напади“ врз американскиот персонал во регионот.

Засега не се откриваат доказати за ваквите тврдење, како и во многу други случаи од меѓународната политика на Вашингтон изминатата речиси цела деценија. Како што најави Белата куќа, оваа седмица Конгресот, кој не беше консултиран за воздушната операција во Багдад, ќе го добие извештајот во врска со атентатот врз Сулејмани.

Дел од функционерите во Пентагон биле изненадени од одлуката на Трамп. Еден неименуван висок извор од американското министерство за одбрана ги опишал разузнавачките податоци како недоволни, пренесува The New York Times.

„Не видов информации кои покажуваат дека елиминацијата на Сулејмани ќе ги запре неговите планови или ќе ги намалат другите ризици за САД“, изјави за телевизијата CNN, Адам Шиф, демократ кој е на чело на разузнавачкиот дом на Претставничкиот дом. Шиф овој напад го оцени како „непретпазлив“.

Истата оцена ја даде и сенаторката Елизабет Ворен, која еден од фаворитет за номинацијата на Демократската партија за претседателските избори во ноември. „Не сме посигурни, затоа што Трамп го наредил убивањето на Сулејмани. Многу поблиску сме до работ на војната“, порача Ворен во разговорот за NBC News. Притоа го постави прашањето дали нападот е намерно изведен во пресрет на можното сведочење на Трамп во Сенатот во процесот за негово отповикување од претседателската должност.

Помпео, пак, тврди дека би можело да има „малку галама“ од Иран по смртта на командантот, но инсистира дека „светот сега е посигурно место“. „Тој беше зол човек кој е исфрлен од игра“, рече поранешниот директор на Централната разузнавачка агенција (CIA). Додаде дека САД ќе дејствуваат против оние кои носат одлуки во Иран, а не само да се насочуваат на проиранските сили во Ирак и на други места во Блискиот исток, како што се Сирија, Либан, Јордан…