Помпео: Ништо од изјавите, демократите ги малтретираат вработените во Стејт департментот

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во писмото што го испрати до Одборот за надворешни работи во Претставничкиот дом на САД напиша дека демократите се обиделе да ги „заплашат и малтретираат“ вработените во Стејт департментот и дека земањето на закажаните изјави не е изводливо.

Три комитети на Претставничкиот дом закажаа земање изјави од петмина сегашни и поранешни функционери на Стејт департментот во текот на следните две недели, меѓу кои и поранешната амбасадорка во Украина Мари „Маша“ Јованович и Курт Вокер, пратеник за Украина, кој си даде оставка минатата недела.

Краен рок за Помпео е 4 октомври –  да достави документи што се однесуваат на нивната истрага за интеракцијата на американскиот претседател Доналд Трамп со Украина.

Сослушувањето е дел од истрагата за отповикување на американскиот претседател.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.