Помпео оптимист за трговскиот договор меѓу САД и Кина

19

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави во вторникот дека е оптимист оти ќе има позитивен исход од претстојните трговски преговори со Кина, истакнувајќи дека е можно да се избегне судирот меѓу двете земји.

Мајк Помпео, кој преку видео врска им се обрати на присутните на годишниот самит на големите корпорации во швајцарски Давос, зборуваше за долготрајните преговори чијашто цел е да се избегне заканата од американскиот претседател Доналд Трамп до почетокот на март да воведе зголемување на царините за кинеските стоки во вредност од 200 милијарди долари.

Помпео Кина ја опиша како земја која е воинствена кон соседните држави, и како земја којашто го прифаќа тоталитаризмот, но напомена дека несогласувањата би можеле да бидат разрешени кога Пекинг би бил подготвен да ги прифати начелата за праведна трговија и за заштита на интелекуталната сопственост.

„Некои тврдат дека судирот меѓу велесилите е неизбежен. Ние тоа не го гледаме на тој начин“, рече шефот на американската дипломатија.

Во врска со следниот круг американско-кинески трговските преговори, закажан за 30-ти и 31-ви јануари во Вашингтон, Помпео додаде „Оптимист сум дека претстојните разговори ќе имаат позитивен исход“.

Неговите изјави се во согласност со минатонеделните коментари на Трамп, кои изјави дека преговорите со Кина течат многу добро. Меѓутоа, американскиот претседател негираше дека разгледувал укинување на царините на производите увезени од Кина.

Трговскиот судир меѓу САД и Кина ја разбранува ситуацијата на светските берзи и придонесе за забавуањето на глобалниот економски раст. Кина во понеделникот објави најслаб годишен раст во последните речиси три децении, но и дека сѐ уште има голем суфицит во размената со САД, што е една од основните причини за негодувањата на Вашингтон. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) наведе дека трговскиот судир е причина за пониските предвидувања за глобалниот економски раст за 2019 година, по вторпат во период од три месеца.

Помпео одговарајќи на прашањата поставени на самитот во Давос, исто така, рече дека до крајот на февруари очекува натамошен напредок во преговорите за нуклеарното вооружување на Северна Кореја. Имено во петокот од Белата куќа објавија дека Трамп својот втор самит со севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун ќе го има кон крајот на февруари, откако американскиот претседател се сретна со севернокорејскиот преговарач за нуклеарните прашања.

Помпео додаде, исто така, дека приватниот сектор ќе игра важна улога во постигнувањето на договорот со Северна Кореја која има потреба од странски вложувања.

Рече и дека се неопходни преговори со Русија со цел да се сопре ширењето на нуклеарното оружје, при што ја повика Москва да ги промени перспективата и однесувањето, а негираше дека Вашингтон се свртел кон изолационизмот.

„Потребни ни се сојузници за да осигуриме безбедност на Блискиот исток“, рече Помпео додавајќи дека се надева на напредок во врска со завршувањето на војната во Јемен, како и дека постоијат начините како да се поттикнат Израелциет и Палестинците на мирен соживот.

Skin Delight

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.