Помпео: Поради однесувањето на Кина, државите ќе размислат за Хуавеј

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека улогата на Кина во глобалната пандемија на коронавирусот веројатно ќе ги принуди државите да ја преиспитаат својата телекомуникациска инфраструктура, вклучително и усвојување на кинеската Хуавеј 5G мрежа.

На прашањето за употребата на Хуавеј и 5G, Помпео во интервју за „Фокс Бизнис“ рече дека е многу уверен оти овој момент, во кој Комунистичката партија на Кина не била транспарентна и отворена и не постапувала со податоците на соодветен начин, ќе предизвика многу земји да го преиспитаат она што го направиле во врска со нивната телекомуникациска архитектура.

– А кога Хуавеј ќе им затропа за да им продаде опрема и хардвер, тие ќе имаат поинаква призма преку која ја гледаат таа одлука, истакна Помпео.