Помпео: Придонесот на Кина во борбата против Covid-19 е безначаен во однос на штетата

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во средата ја опиша најавата на Кина за уплата на две милијарди американски долари за борба против пандемијата на новиот коронавирус како „безбачајна“, во споредба со стотиците илјади загубени животи и настанатите економски штети.

Помпео ги отфрли тврдењата на кинескиот претседател Кси Џинпинг дека Пекинг транспарентно делувал по избувнувањето на епидемијата во централната кинеска провинција Хубеи кон крајот на ланскиот декември, и додаде дека Кси требало да одржи прес-конференција и да им дозволи на медиумите да поставуваат прашања.

„Претседателоте Кси рече претходно седмицава дека Кина делува отворено, транспарентно и одговорно. Би сакал тоа да е така“, изјави Помпео на прес-конференција и додаде дека Кина продолжува со ускратување на примероци од вирусот и пристап до објектите и „многу, многу повеќе од тоа“.

Тензиите меѓу САД, кои се најпогодената земја во пандемијата на коронавирусот, и Кина пораснаа последните седмици, поради обвинувањата од Вашингтон дека Пекинг криел за опасниот вирус, како и за начинот на кој тој се појавил.

Претходно американскиот претседател Доналд Трамп се закани со големото американско финансирање на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) поради според него недоволниот одговор на пандемијата, обвинувајќи ја дека е „марионета на Кина“. Од друга страна, пак, кинескиот претседател Кси Џинпинг вети дека ќе уплати во организацијата две милијарди долари.

„Придонесот на Кина во борбата против пандемијата е безначаен во споредба со трошоците кои му ги наметна на светот“, рече шефот на американската дипломатија.

„Оваа катастрофа однесе 90.000 американски животи, од март досега повеќе од 36 милиони Американци останаа без работа, а во светот починаа над 300.000 луѓе. Според нашите процени, потребни се 9 милијарди долари за одговорот на светот на неуспесите на Комунистичката партија на Кина“, рече Помпео.

Ја обвини Кина и дека ѝ се заканила на Австралија со „економска одмазда“, откако оваа земја побара независна истрагата за потеклото на вирусот и рече дека извршниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус бил „невообичаено блиску поврзан со Пекинг многу пред актуелната пандемија“, како и дека тоа го смета за „многу загрижувачко“.

Помпео додаде и дека САД осигурала околу 10 милијарди долари за меѓународен одговор на пандемијата, вклучително и истражувања за развој на вакцина и хуманитарна помош.