Помпео: Сѐ уште нема конечна одлука за санкциите кон Турција

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави во средата дека наскоро очекува одлука за американските санкции против Турција, додавајќи дека некои биле директно поврзани со апсењето и притворот на американскиот пастор Ендрју Брансон кој минатата седмица беше ослободен и се врати во татковината.

„Наскоро ќе донесеме одлука за тоа… Логично е сега да ги укинеме санкциите поврзани со овој случај, но сѐ уште не е донесена конечна одлука и мирам за тоа да разговарам со претседателот“ Доналд Трамп, изјави шефот на американската дипломатија Мајк Помпео во текот на неговата посета на турската престолнина Анкара.

Претходно Помпео се сретна со претседателот Реџеп Тајип Ердоган и со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Во разговорите станало збор и за лицата кои се наоѓаат во турски притвори, вклучително и американско-турскиот научник која работел за Националната управа за аеронаутика и вселената.