13.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Помпео: САД и ЕУ мораат заедно да и се спротистават на Кина

На САД и на Европската унија им е потребно заедничко разбирање на Кина за да и се спротивстават, рече американскиот државен секретар Мајк Помпео, нарекувајќи ја Кина закана и обвинувајќи ја за кражба на европската интелектуална сопственост.

Помпео наскоро ќе отпатува за Европа, каде ќе ја организира првата сесија.

„Почнува трансатлантското будење на вистината за тоа што се случи“, рече Помпео во видео обраќањето.

„Ова не е за Соединетите држави кои се спротивставуваат на Кина, туку за светот што се спротивставува на Кина“, рече тој.

Брисел, како и Вашингтон, е загрижен за предаторските трговски практики на Кина, но ЕУ се обидува да заземе посредничка позиција меѓу Кина и САД.

Претставниците на ЕУ, најголемиот трговски блок во светот, разговарале со кинеските лидери во понеделникот и го гледаат Пекинг како партнер во борбата против климатските промени и како економски ривал.

Помпео рече дека ЕУ треба да дејствува против Кина, која ја обвини за кражба на европска интелектуална сопственост и кршење на трговските правила, за заштита на економиите на европските земји, а не за задоволување на САД.

„Тие имаат пристап до нашите пазари на капитал што ги немаме со нив“, рече Помпео.

Помпео рече дека информациите за Кина ќе бидат споделени како дел од американско-европскиот дијалог.

Тој рече дека се надева, иако ќе има различни мислења на масата, дека форматот ќе биде „катализатор за дејствување“.