Помпео: САД се загрижени за „дестабилизирачките и злоби активности“ на Иран

САД се длабоко загрижени од иранските „дестабилизирачки и злобни активност“, изјави во неделата новиот американски државен секретар Мајк Помпео по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Оваа изјава е искажана во текот на кусата турнеја на Блискиот исток, каде што Мајк Помпео во својство на шеф на дипломатијата на САД претходно се сретна со саудискиот крал Салман во Ријад и ја нагласи потребата од единство меѓу американските сојузници во регионот, од кои Вашингтон сака да ја добие поддршката за воведување нови санкции против Иран и повлекување од нуклеарниот договор на Техеран со шесте светски сили потпишан во јули 2015 година во Виена.

Посетата на НАТО во Брисел и блискоисточните земји дојде само неколку часа откако Помпео беше потврден како државен секретар. Тој дури не го посети својот кабинет, забележа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Остануваме длабоко загрижени поради иранската опасна ескалација на закани кон Израел и регионот“, изјави во Тел Авив Помпео покрај Нетанјаху. Додаде дека цврстата соработка со блиските сојузници како Израел е „пресудна за нашите напори против иранските дестабилизирачки и злобни активности на Блискиот исток, како и навистина на целиот свет“.

Помпео, исто така, рече дека преселувањето на американската амбасада во Ерусали, која треба да се случи на 14-ти мај на денот од 70-годишнината од прогласувањето на Државата Израел, е признавање на реалноста на „Ерусалим како главен град на Израел и седиште на неговата влада“.

Нетанјаху во врска со Иран ја нагласи блискоста на американско-израелската соработка.

„Мислам дека најголемата закана за светот и нашите две земји, и за сите земји, е бракот на милитантниот ислам и нуклеарното оружје, особено обидот на Иран да развие нуклеарно оружје. Денес имавме многу плоден разговор за оваа тема“, рече Помпео.