Помпео со арапските сојузници подготвува програма за следење на бродовите

Американскиот државен секретар Мајк Помпео разговарал во понеделникот со сунитските арапски сојузници за програмата за контрола на Оманскиот залив и Ормутскиот тесенц поради одвраќањето на наводните непријателски активности на шиитски Иран и обезбедување енергетска и безбедност на пловидбата.

Помпео пристигна во Обединетите Арапски Емирати каде што со престолонаследникот Мохамед бин Зајед ал-Нахин разговараш за Иран и заштитата на бродовите во Оманскиот залив, откако за истата тема претходно во понеделникот во Саудиска Арабија раговараше со кралот Салман и со престолонаследникот Мохамад бин Салман за кого Обединетите нации бараат истрага поради свирепата егзекуција на дисиденскиот новинар Џамал Кашоги ланскиот октомври во саудискиот конзулат во Истанбул.

„Слободата на пловењето е од извонредна важност“, објави на Twitter американскиот државен секретар.

На кралот Салман, со кој не го отворил прашањето за убиството на новинарот Кашоги, Помпео му се заблагодарил за тоа што „во толку кус рок“ го договорл состанокот со него. Помпео и прицот бин Салман, пак, повториле дека „двете земји стојат една до друга во соочувањето со иранските непријателски активност, и во борбата против тероризмот“, изјави саудискиот министер за информации.

Висок американски функционер за новинарите рекол дека Помпео и американската морнарица со сојузниците ќе основаат програма за следење на сите бродови под називот „Стража“ за „проактивно одвраќање“. Коалицијата на земјите ќе обезбеди материјал и финансиски издвојувања, рекол без да наведе за кои држави станува збор. „Иран со соборувањето на американските дронови настојува да ја спречи нашата контрола“, рекол неименуваниот функционер.

Исламската Република во четвртокот објави дека соборила американско беспилотно летало, бидејќи го нарушила иранскиот воздушен простор, како што тврди Техеран. Вашингтон, пак, е истраен на тврдењето дека дронот е соборен во меѓународен воздушен простор и откако во петокот е повелечна во последен момент наредбата на претседателот за напад врз Иран, како одмазда во понеделникот наметна нови санкции. Овојпат санкциите се однесуваат на врховниот ирански водач ајатолахот Али Хамнеи и на други високи функционери од неговото опкружување и државата.

Друг американски функционер, кој исто така сакал да остане анонимен, рекол за Reuters дека намерата на планот е американските партнери да обезбедуваат поголем дел од бродовите, и ќе се изменуваат во текот на надзорот во Оманскиот залив и Ормутскиот теснец. „Сѐ уште не е на сила, но е нешто што го разгледуваме со нашите партнери“, покаснил соговорникот на агенцијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повека земјите увознички на нафта да ја преземат водечката улога. Истакна дека 91 отсто од кинескиот увоз на нафта минува низ Ормутскиот теснец и 62 отсто од јапонскиот, а во иста ситуација се и многу други земји.

„Зошто (веќе со години) ги штитиме овие навигациски патишта без и најмал надомест. Сите тие земји би требало да ги штитат своите сопствени бродови во овој отсекогаш опасен премин“, рече Трамп.

Ваквата ситуација произлегува од инцидентите од почетокот на мај и почетокот на јуни, кога беа саботирани без поголеми последици нафтени танкери во водите на Персискиот залив. САД го обвинуваат Иран, кој негира дека има поврзаност со нападите. Ситуацијата во регионот е запаллива откако Саудиска Арабија во 2015 година ја предводи сунитската коалиција која се вмеша во граѓанската војна во Јемен против побунетата шиитска заедница Хути кои, пак, ја добија поддршката на Иран.