Оваа година ѝ честитаме на Македонија што стана 30-та членка во НАТО, и за напредокот што го направи на нејзиниот пат кон Евеопската, рече во вторникот државниот секретар на САД
Државниот секретар Мајк Помпео ѝ го честита Денот на независноста на Македонија во име на САД и на американските граѓани, премесува Гласот на Америка на македонски јазик.
„Оваа година ѝ честитаме на Северна Македонија што стана 30. членка во НАТО, и ја поздравуваме заложбата на државата кон регионалниот и глобален мир и безбедност, кои се рефлектирани во ова огромно достигнување“, рече Помпео.
Вели дека САД се охрабрени од напредокот што државата го направила на нејзиниот пат кон членството во ЕУ, и оти ќе продолжат да ги поддржуваат нејзините напори за европска интеграција.
„Неодамнешните парламентарни избори во Северна Македонија беа мирни и успешни во невидени услови, и ја поздравуваме вашата заложба кон демократските идеали, транспарентност и зацврстување на владеење на правото. Вашите успеси ќе помогнат во формирање на идната насока на регионот на Западен Балкан“, рече Помпео.
Додаде дека САД се цврт сојузник на Северна Македонија, посакувајќи им безбедност и здравје на сите граѓани „како што работиме заедно да ги надминеме предизвиците со пандемијата на ковид-19“.