Помпео тврди дека челникот на СЗО го „купила“ Кина

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјавил пред британски пратеници дека претседателот на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) Тедрос Аданом Гебрејесус „го купила“ кинеската влада, пренесуваат во средата медиумите.

Помпео на средбата одржана зад затворени врати на поканети пратеници во вторникот им рекол дека своите тврдења ги темели на „цврсти разузнавачки основи“ но не дал поединости, пишува The Times.

Весникот цитира „повеќе извори“ кои присуствувале на состанокот одржан во Лондон во организација на десничарскиот инстражувачки центар за надворешна политика „Henry Jackson Society“.

Помпео на вчерашната затворена средба со британски пратеници истакнал дека СЗО е претворена во „политички“ орган кој носи одлуки во договор меѓу генералниот директор на организацијата и Кина. Шефот на американската дипломатија истакнал и дека Гебрејесус станал директор на СЗО со помош на Пекинг.

„Кога водата дојде до гушата, кога тоа навистина беше најважно, кога се случи пандемијата во Кина, др Тедрос…. кого го купила кинеската влада (…)“… Повеќе не можам да кажам, но можам да речам дека ова што го зборувам го темелам на на цврсти разузнавачки основи, имало договор околу изборот на Тедрос, а кога водата стаса до гушата, добивте мртви Британци“, го цитира Помпео весникот The Telegraph.

Мајк Помпео и американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваат одговорот на СЗО на пандемијата на коронавирусот и ја обвинуваат организацијата дека ѝ помага на Кина во прикривањето на почетните сериозни состојби и изворот на вирусот. Досега обвинуваа дека СЗО станала „марионета“ на Пекинг, но не тврда дека нејзиниот челник е „купен“ од Кина.