Помпео тврди дека има „значајни докази“ дека вирусот настанал во кинеска лабораторија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави во неделата дека постојат „значајни докази“ дека новиот тип коронавирус настанал во кинеска лабораторија.

„Постојат значакни докази дека вирусот излегол од кинеските лаборатории во Вухан“, повтори уште еднаш шефот на американската дипломатија Мајк Помпео во емисијата „This Week“ за телевизиската мрежа ABC News.

За појавата на новиот тип коронавирус во централниот кинески град Вухан тамошните власти известија кон крајот на ланскиот декември, и досега од него во светот починаа околу 240.000 луѓе, од кои 67.000 во САД, а и други земји ја надминаа Кина и според бројот на починатите и според бројот на заразените.

„Најдобрите стручњаци засега јислеат дека вирусот е производ на човек. Нема причина да не се верува во тоа“, рече Помпео.

Неговата изјава е во противречност со заклучокот на американската разузнавачка агенција која во четвртокот објави извештај во кој меѓу другото стои „дека е постигна широк научен консензус“ дека коронавирусот не настанал во лабораторија, ниту е генетски подифициран. Сепак, западните разузнавачки служби се на линијата дека Кина ги криела податоците на почетокот од епидемијата.

Помпео во четвртокот изјави дека не се знае дали вирусот излегол од Институтот за вирологија во Вухан или дошол од илегалниот пазар за диви животни кои се користат во традицоналната кинеска кујна или, пак, на друго место. Претседателот Доналд Трамп, пак, истиот ден рече дека е убеден и оти има податоци кои говорат деак вирусот настанал во кинеска лабораторија, но одби да даде поединости за таквите тврдења.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.