Помпео вети непречена танзиција кон „втората администрација“ на Трамп

Американскиот државен секратар Мајк Помпео во саботата ги нарече „смешни“ и „апсурдни“ критиките за актуелниот републикански претседател дека не сакал да го признае поразот на претседателските избори на 3-ти ноември, и вети „мазна“ транзиција кон „втората администрација на Доналд Трамп“.

На прес-конференцијата во Стејт депарментот, Помпео прво изрази уверување дека актуелниот американски претседател на крајот ќе биде прогласен како победник на изборите.

На прашањето за мерките кои ги преземал Стејт департментот, клучното министерство за националната безбедност на САД, за да ја олесни транзицијата со екипата на објавениот претседател демократот Џо Бајден, Помпео напомна дека „Ќе има непречен трансфер на власта на втората администрација на Трамп“.

„Ќе ги изброиме сите гласови“, додаде Помпео и уверуваше дека светските членици се „свесни дека станува за правен процес кој трае“.

„ Ние сме подготвени. Светот набљудува што се слувачува (во САД). Ќе ги изброиме сите гласови (на претседателските избори). Кога овој процес ќе заврши, ќе бидат познати електорските гласови. Постои процес, а уставот него јасно го одредува. Светот треба да биде сигурен дека ќе биде успешна транзицијата потребна Стејт департментот да биде ефикасно оперативен денес и ефикасно оперативан со претседателот кој на 20-ти јануари ќе стапи на должноста“, додаде Помпео.

Увери уште еднаш дека тој и неговите подредени ќе бидат подготвени и да ги пренесат овластувањата евентуално и на тимот на демократот Џо Бајден.

„Ова министерство целосно е посветено да гарантира дека изборите ширум светот се сигурни, слободни и праведни, и функционерите (на Стејт департментот) ги изложуваат своите животи тоа да го обезбедат“, одговори Помпео оценувајќи го за смешно“ прашањето дека ставот на Трамп ги поткопува тие напори.

На државниот секетар всушност му беше поставено и прашањето кога очекува да заврши процесот што го спомена, јасно алудирајќи на поддадените тужби за масовни изборни нерегуларности од страна на кампањата на претеседателот Трамп.

„Дојдов тука и зборував за важни прашања поврзани со надворешната политика“, првично ја прекина Помпео новинарката што му го поставуваше прашањето но подоцна остави да го заврши прашањето.

„Но тоа е најважното нешто што се случува во земјата во моменов. Ме интересира какви упатства им давата на дипломатите за тоа како да ги карактеризираат резултатите од претседателските избори? Стејт департментот често распространува соопштенија со повици за чесни и праведни избори во странство, а губитниците на тие избори ги повикува да ги прифатат резултатите. Дали одбивањето на претседателот Трамп да го признае поразот не ги дискредитира овие напори (на Стејт департментот)?“, праша новинарката.

„Тоа е смешно. И самите знаете дека тоа е смешно. Го поставивте прашањето затоа што знаете дека е смешно (…). Стејт департментот е многу загрижен за осигурувањето изборите ширум светот да бидат безбедни, слободни и праведни (…). Во однос на конкретни избори ние работиме на утврдување на фактите (…) за навистина да откриеме дали објавениот резултат ја одразува волјата на народото. Сакаме да се пребории секој глас таму, на ист начин очекуваме да се преброи и секој глас тука во САД“, одговори Помпео.