Помпео вети соработка со Индија, трговските и одбранбените прашања нерешени

Американскиот државен секретар Мајк Помпео настојуваше во средата да ги намали и тензиите со Индија, ветувајќи дека со враќање на преговорите за трговските и инвестициските врски меѓу двете земји.

Индија пред десет дена воведе царини на увозот на 28 американски производи, вклучително и бадемите и јаболката, пренесуваа британските медиуми во понеделникот. Во јуни минатата 2018 година Индија најави воведување царини на американскиот увоз воп висина и до 120 отсто, но нивното стапување на сила беше одложено до завршувањето на преговорите. Минатата седмица индиската влада конечно ги воведе царините, во износ и до 70 отсто на одредени производи, имајќи предвид дека Вашингтон беше упорен во одлуката да ги зголеми цените на увозот на челик и алуминиум од Индија. На почетокот од јуни, американскиот претседател Доналд Трамп најави и дека на Индија ќе ѝ го одземе статусот повластен трговски партнер на САД.

Американско-индиската билатерална трговија во 2018 година изнесувала 142 милијарди американски долари и била седум пати поголем отколку во 2011 година, покажуваат податоците на САД. Доколку Индија го загуби статусот на повластен трговски партнер, царините би го опфатиле индискиот извоз во САД во вредност од 5,6 милијарди долари, во моментов ослободени од тие намети.

Тоа би претставувал најновиот во низата потези на администрацијата на Трамп која сака да го исправи она што го смета нечесни трговски односи со други земји. Тензиите меѓу двете земји оттогаш се заоструваат. Минатата година Индија на зголемувањето на американските царини на увозот на алуминиум и челик за најмалку 10 односно 25 отсто, возврати со подигнувањето на увозноте царини на низа американски производи.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во средата не прецизираше како би се надминале спорните прашања од пристапот на американските компании до индискиот пазар до барањео на Њу Делхи поврзани со чувањето податоци за оваа земја и за извозот на челикот и алуминиумот во САД.

„Двете земји се пријатели коишто меѓусебно може да си помогнат во целиот свет“, рече Помпео на прес-конференцијата по средбата со индискиот министер за надворешни рабори Субрахманјам Џаишанкар. За моменталните разлики во ставовите се разговарале „во духот на пријателството“, додаде шефот на американската дипломатија.

Споровите меѓу САД и Индија доведоа и до зголемување на царините, но создадоа и тензии кога станува збор за прашањата од нивната соработка во безбедноста. Американската влада, исто така, се закани и со економски санкции, доколку Индија продолжи да купува нафта од Иран и доколку, како и Турција, ја реализира набавката на руските проттивоздушно системи С-400. Индија и Русија, инаку, имаат големи договори во сферата на набавка на вооружување, во прв ред борбени хеликоптери и авиони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.